Вести
КК Гостивар го совлада Пелистер 103:83 во првиот подготвителен натпревар во Младост
Претставникот на Гостивар во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на КК Гостивар го совлада Пелистер со 103-83 во вториот подготвителен натпревар за новата сезона, а прв пред гостиварската публика. Србиноски им даде шанса на сите кошаркари, а во последните минути од натпреварот кога резултатски беше се готово, шанса добија помладите кошаркари на КК Гостивар.
Пред повеќе од 300 гледачи, добра игра презентираа сите актери на теренот кои добија можност против прволигашот од Битола, демонстрирајќи голема желба за победа и пожртвуваност. Во одлично светло се претставија и новите две појачувања за кои ова беше деби во Младост.
Арсеније Вучковиќ се издвои со 27 поени, Димчевски запиша 16, Ре.Димитриески 14, Тасоски 13, Доналдсон 11, Костоски постигна 9 поени, Ро.Димитриески 6, Тасков 4 и Пецаноски постигна 3 поени.
Во периодот што следи „бело-сините“ ќе одиграат уште неколку подготвителни натпревари пред стартот на сезоната 2019/2020, кој е закажан за 5 октомври.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград