Поврзи се со нас

Вести

“49-ти Детски Рацинови средби” Можност и за гостиварските ученици

Објавено

на

Клубот на писатели ” Коста Солев – Рацин” од Велес деновиве објави Конкурс ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ. Убава можност за младите од Гостивар, заедно со своите ментори да го претстават нашиот град. Деновиве до сите ОСНОВНИ ОПШТИНСКИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА ќе биде доставена ПРИЈАВА за учество на Конкурсот. Ви ја пренесуваме поканата во целост:

П О К А Н А
за аплицирање за учество на 49-те Детски Рацинови средби
Почитувани, по четириесет и девети пат, Велес ги повикува сите млади рацинови следбеници да ни се придружат во чествувањето на поезијата. Ќе ни огромно задоволство ако ја прифатите нашата покана да учествувате на конкурсот, кој Организацискиот одбор го распишува оваа година. 49-те Детски Рацинови средби ќе се одржат на 17-ти и 18-ти ноември 2016 година во Велес. Централната манифестација ќе се одржи на 17-ти ноември. Ноќевање и сместување за гостите не е предвидено. Патните трошоци се на трошок на училиштето кое учествува со свои ученици. Организацискиот одбор на Детските Рацинови средби распишува:
ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС
Поетските творби на литературниот конкурс треба да се на тема: „МОЈАТА ТАТКОВИНА“ Право на учество имаат ученици од oсновните училишта и тоа од 6-то до 9-то одделение и ученици од средно училиште и тоа од I и II година. Творбите ќе бидат класифицирани во три категории и тоа категорија од 6-то и 7-мо одделение, категорија 8-мо и 9-то одделение, и категорија I-ва и II-ра година во средно училиште.
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЛИКОВЕН КОНКУРС
Учесниците на овој конкурс се поканети да испратат цртежи со мотиви од староградска архитектура на Велес или од творештвото на Рацин. По избор на одговорниот наставник, треба да се испратат готови цртежи кои ќе бидат оценувани од жири-комисија.
Сите заинтересирани училишта задолжително во прилог треба да испратат своерачно напишана пријава за учество, во која ќе ги наведат: Името на училиштето, имињата на учениците и менторите кои испраќаат литературни творби, имињата на учениците и менторите, како и творбите за ликовниот конкурс. Задолжително треба да стои телефон за контакт со менторот. Секое училиште има право да испрати најмногу 2 ученика за литературниот и 2 ученика за ликовниот конкурс, како и најмногу 2 одговорни наставника.
Пријавите за учество да се испратат на адреса: ул. „Алексо Демниевски“ бр.11, 1400 Велес, со назнака „ЗА ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ“, најдоцна до вторник 31.10.2016 година, по поштенски пат. За сите информации, можете да се обратите на e-mail адресата: solevkosta@yahoo.com Пријавата за учество не значи и дефинитивно учество на Детските Рацинови средби. Организаторот ќе Ве извести дали Вашето училиште е избрано за учество на 48-те Детски Рацинови средби, најдоцна на 06.11.2016 година.

 

Пријавата за учество на 49-те Детски Рацинови средби може да је превземете и на следниот линк:

Пријава за учество

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена