Поврзи се со нас

Спорт

Започнува Бизнис лига 2016/2017

Објавено

на

Најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал Бизнис Лига на Македонија на 26.09.2016 одржа прес конференција. На самиот прес беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот од есенскиот дел како и медиските покровители.

Сезоната 2016/2017 е шеста последователна сезона во која Бизнис Лигата на Македонија брои рекорден број на компании (21) и тоа: ЕЛЕМ, Македонски Телеком, Гранит, Лукоил, МЕПСО, НЛБ Тутунска Банка, Окта, Раде Кончар, Сава Осигурување, ЕВН, Рамстор, Систина, Фабрика Карпош, Пекабеско, ЈСП, Адмирал, Трансмет, Оне.Вип, UNIQA, Еуролинк и ФАКОМ.

Овогодинешната Бизнис Лига на Македонија ќе стартува на 03.10.2016 година со почеток во 19:00 часот во ВИП мала сала при С.Ц. Борис Трајковски. Што се однесува до самиот систем на натпреварување, ќе се игра еднокружно (секој со секого) бидејќи натпреварувањето се игра без гостински терен, за да на крајот првите 8 екипи влезат во Final 8 фазата која е елиминациона и секој пораз значи испаѓање. Победниците од Final 8 го играат Final 4 завршниот турнир кој води до титулата шампион на Бизнис Лигата на Македонија.

Гостивар и оваа сезона нема свој претставник во Бизнис лигата. За потсетување екипата на “Монтенегро” од Гостивар беше шампион во сезоната 2013/2014.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена