Вести
56. Мавровски меморијал годинава ќе се одржи од 11 до 13 февруари
На падините на Бистра, годинава по 56 пат ќе се одржи Мавровски меморијал.
Годинешното издание на меморијалот ќе се одржи од 11 до 13 февруари, традиционално на патеката „Мирна долина“ во Маврово. Покрај македонските претставници, свој настап ќе имаат натпреварувачи од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Грција, Турција и Бугарија.
По 20 натпреаврувачи во машка конкуренција на патеката од 10 километри и 20 во женска конкуренција на 5 километри. Ќе настапат звучни имиња како Ангелис Апостолис од Грција, Мартин Пенчев од Бугарија, Дадиќ Еди од Хрватска, и секако македонскиот претставник Ставре Јада.
Мавровскиот Меморијал е најстар нордиски куп на Балканот и помеѓу настарите ски купови во Европа. Меморијалот е дел од континенталниот куп во нордиско трчање и на истиот натпреварувачите се борат за освојување на FIS бодови. Настанот се одржува во чест на февруарската снежна трагедија од 1956 година , кога при големи лавини загинаа 52 градители, граничари и месно население.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар