Поврзи се со нас

Здравје и убавина

6 причини зошто треба редовно да јадете сливи

Објавено

на

Слаткиот, сочен вкус е само една од причините сливите да ги вклучите во секојдневната исхрана. Другата е вашето здравје. Потојат 140 видови на сливи, а сите се богати со јаглехидрати, имаат ниско ниво на маснотии и само 46 калории на 100 грама, а полни се со витамин А, Ц и Е, калциум, магнезиум, хранливи влакна и  калиум.

Свежите сливи се одличен извор на витамин А и бета-каротен кој е неопходен за здравјето на очите, но и сувите сливи имаат врвни лековити својства. Сувите сливи се богати со витамин К и калиум. Еве неколку причини да ги вклучите сливите во секојдневната исхрана.

1. Сливите го штитат вашето срце

Една свежа слива (во просек) содржи 113 mg калиум, минерал кој помага при контролата на зголемен крвен притисок и со самото тоа го намалува ризикот од мозочен удар. Доколку тоа не ви е доволно, цвенкасто-синиот пигмент во некои видови сливи, кој се нарекува антоцијанин, може да ве заштити од рак така што ги чисти штетните слободни радикали во организмот.

Бројни студии ја следеле улогата на хранливите влакна во намалувањето на холестеролот во крвта. Влакната кои се наоѓаат во сувите сливи докажано го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Истражување на Универзитетот во Калифорнија покажало дека луѓето со умерено зголемување на нивото на  холестерол во крвта го намалиле вкупното ниво на ЛДЛ холестерол одкако конзумирале 100 g (10-12) суви сливи дневно. ЛДЛ холестеролот се собира на ѕидовите од крвните садови каде може да предизвика запушување. Покаченото ниво на ЛДЛ значи и поголеми шанси за срцев удар.

2. Помагаат при варење на храната

Сувите сливи се како создадени да им помагаат на цревата при вршењето на својата задача. Полни се со топливи и нетопливи хранливи влакна. Топливите влакна го забавуваат варењето овозможувајќи му на организмот да ги апсорбира сите хранливи материи, а нетопливите помагаат “столицата“ побрзо да пројде низ цревата. Сувите сливи содржат сорбитол (glucitol), природен алкохол базиран врз шеќер кој привлекува вода во дебелото црево и ја омекнува “столицата“.

Сувите сливи се богати со калиум, витамин А и разни минерали кои се одговорни за активирање на ензимите во системот за варење. Овие ензими го топат изметот и помагаат “столицата“ лесно и брзо да помине низ дебелото црево. Калиумот, исто така, ги штити ѕидовите од дебелото црево.

3. Го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Според “Нутриционистите на Канада“, сливите се рангирани ниско на гликемискиот индекс, што значи дека можат да ви помогнат да го контролирате нивото на шеќерот во крвта и да го намалите ризикот од “тип 2“ дијабетис.

Истражувањата покажале дека конзумирањето на сливи може да помогне во намалувањето на глукоза во крвта и триглицериди во телото. Флавоноидите присутни во сливата имаат заштитно влијание против отпорноста на телото на инсулин и помагаат при зголемувањето на чувствителноста на телото на инсулин.

4. Сливите им помагаат на коските

Истражувачите од Флорида и Оклахома Универзитетите тестирале две групи на жени во постменопауза. Едната група јадела по 100 g суви сливи дневно, а другата јадела 100 g сушени јаболка. Двете групи конзумирале калциум и витамин Д како додаток. Резултатите покажале дека групата која јадела суви сливи имала значително поголема густина на коските во р`бетот и подлактицата.

Конзумирањето на суви сливи може да помогне во одржувањето на здрави коски така што флавоноидите присутни во нив помагаат при заштитата на коскеното ткиво и на тој начин спречуваат остеопороза кај жените во постменопауза. Полифенолите, заедно со калиумот кој се наоѓа во сувите сливи, подтикнуваат создавање на коски, ја зголемуваат густината на коските и спречуваат губење на коски. Едно истражување покажало и дека редовна конзумација на суви сливи помага и во обновата на густината на коските кои веќе ослабнале поради стареење.

5. Го подобруваат памтењето

Само три до четири суви сливи дневно можат да помогнат да ги неутрализирате станиците на штетните слободни радикали кои (негативно) влијаат на памтењето.

Истражувањата покажале дека флавоноидите присутни во сливите се делотворни кај заштитата од когнитивно оштетување поради возраста. Редовното конзумирање на сливи, исто така помага во спречувањето на неуродегенеративните пореметувања како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

6. Им помагаат на очите

Сливите се посебно корисни за здравјето на вашите очи. Фитонутриентите кои се наоѓаат во сливите можат да помогнат да се намали ризикот од болеста Макуларна дегенерација, која се јавува кај постарите луѓе.

Сливите содржат витамин А и бета-каротен, кои се корисни во одржувањето на здрав вид и ја спречуваат старосната макуларна дегенерација. Сливите исто така ја штитат мрежата и даваат заштита од оштетувања предизвикани од УВ зрачењето.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена