Поврзи се со нас

Гостивар

62 хоспитализирани со ковид во Гостивар, намален е бројот на амбулантски прегледи

Објавено

на

Во Гостивар на болничко лекување (во инфективно, нервно, интерно одделение и модуларна) се наоѓаат вкупно 62 ковид пациенти, од кои 39 добиваат кислородна поддршка. На инфективното одделение и во модуларната болница има 25 слободни легла. Намален е бројот на нови приеми и на амбулантски прегледи, но за да се даде оценка дали овој бран спласнува, треба да помине уште време, велат лекарите.

„Деновиве многу е намален бројот на амбулантски прегледи. Има изгледи дека ситуацијата се смирува, но рано е да се каже прецизно. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите оваа и следната недела. Доколку продолжи со вакво темпо на намалување, ние како лекари, па и населението ќе бидеме задоволни.“, рече д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.

Во однос на високата смртност инфектологот повторно нагласи дека пациентите кај нив се обраќаат кога состојбата им е крајно влошена и мали се шансите да им помогнат и рече дека сите починати изминатите денови биле пациенти со други хронични болести и повозрасни.

„Смртноста е висока и ќе повторам тоа се должи на тоа што пациентите многу доцна доаѓаат кај нас. Матични лекари ги лекуваат или лекари пријатели и кај нас се обраќаат веќе кога им е многу влошена состојбата. Повторно апелирам, матичните лекари да оценат кога е потребно пациентите да ги испраќаат на инфективното одделение, затоа што после 7 или 10 дена лекување, а состојбата само се влошувала, ние не можеме ништо да направиме. Инаку, најголемиот дел од пациентите кои се хоспитализирани се невакцинирани. Вакцинираните поминуваат со полесна клиничка слика.“, рече д-р Наумоски.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена