Поврзи се со нас

Гостивар

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Објавено

на

Прелиминарната распределба на социјалните станови во Гостивар денес заврши со листа од вкупно 74 граѓани, односно оние коишто имале доставено комплетна валидна документација на јавниот повик и влегуваат во процесот на крајна селекција. Конечната листа ќе биде објавена откако надлежната Комисија ќе направи детални контроли на  терен кај овие лица, за да се утврди дали фактичната состојба е соодветна на документите.

„Од денеска, па во наредните наредните денови, Комисија составена од вработени во Министерствата за транспорт и врски, и за труд и социјална политика, ќе извршат детални контроли на лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа. Кај сите оние каде што фактичката состојба не одговора на приложените документи, ќе бидат исфрлени од листата и становите ќе бидат доделени на лица со ист или помал број на бодови доколку тие ги исполнуваат условите пропишани во огласот.  По извршената контрола од страна на Комисијата, ќе се утврди конечната листа со добитници на социјални станови“, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, кој присуствуваше на прелиминарната распределба на становите во Гостивар, заедно со заменик министерот Беким Реџепи.

Министерот информираше дека до крајниот рок за поднесување на потребната документација, во Центарот за социјални работи во Гостивар аплицирале вкупно 190 граѓани, а 74 имале комплетна документација.

Откако излезе прелиминарната листа со имиња, имаше реакции од неколку граѓани кои аплицирале за стан, но не се најдоа на денешниот список, барајќи објаснување зошто е тоа така. Најжестоко негодуваа граѓани од опожарените бараки на „Илинденска“, во близина на интернатот кои потенцираа дека ги исполнувале условите, им било речено да поднесат документи и дека се чувствуваат изиграни.

„Нека дојдат да видат каде ние живееме, каде спиеме…Меѓу нас има и лице со посебни потреби. Само не‘ излажаа да поднесуваме документи, а сега ништо. За местото каде што беа бараките имаме големи притисоци, ни се закануваат, сешто има, ама ние нема да го дадеме така. Нас ни објаснија дека имаме право да аплицираме, зашто 32 години сме живееле на тоа место, а сега не‘ нема на листата“, кажуваа граѓаните од изгорените бараки.

Од Министерството за транспорт и врски појаснија дека овие граѓани не влегле во прелиминарната листа, затоа што имале право на располагање со сопственост на бараките во кои живееја. „Доколку се откажаа од тоа право тогаш ќе ги исполнуваа условите за социјален стан, сето тоа им беше образложено, но тие не сакале да постапат така“, рекоа од Министерството.

По настанот, кој се одржа во Центарот за култура во Гостивар, од Министерството рекоа дека прелиминарната листа ќе биде истакната на влезот на установата и ќе биде објавена на нивната веб страна.

Со јавниот оглас кој траеше од 3 март до 4 април предмет на распределба беа 70 социјални станови во зградa на улицa „ЈНА“ бр. 283-Б во Гостивар  изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на општина Гостивар, а согласно Рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија.

Право на аплицирање имаа шест категории  социјално ранливи семејства, утврдени со Методологијата за распределба на овој тип социјални згради: Деца без родители или родителска грижа – лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, Корисници на правото на гарантирана минимална помош, Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни  (примарни) живеалишта, Лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно „Стратегијата за ромите на Република Северна Македонија“)  и Самохрани родители со малолетни деца.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена