Вести
79 државјани на Македонија на боиштата во Украина, објави МО на Русија

Министерството за одбрана на Русија објави список на кој е прикажан бројот на странски платеници кои се борат на страната на Украина, информираше прес-службата на одделот, пренесуваат руски медиуми.
Најголем дел од платениците пристигнале во земјата од Полска – 1831, Канада – 601 и САД – 530.
Меѓу европските земји, покрај Полска, во првата петорка се и Романија – 504, Велика Британија – 422, Хрватска – 204 и Белорусија – 197. Од Азија, најголем број луѓе дошле од Грузија. – 355 и Сирија – 200. Од африканскиот континент во украинската војна се вклучиле од Нигерија – 85 и Јужна Африка – 25 лица.
Според објавените податоци пристигнале војници и специјалци за ракување со оружје од 64 земји. Министерството за одбрана води и статистика за убиени и вратени војници во нивните земји.
Во документот се наведува дека, на боиштата во Украина заминале и вкупно 79 македонски државјани, од кои 21 загинале заклучно со 17 јуни. На украинска страна во моментот се борат уште 39 лица со македонско државјанство.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022