Поврзи се со нас

Гостивар

80 години од почетокот на антифашистичкото востание-Се чествува 11 Октомври!

Објавено

на

Македонија денес одбележува 80 години од почетокот на антифашистичкото востание. 11 Октомври е Ден на народното востание и Ден на борецот. Организираното востание на македонскиот народ против окупаторите за ослободување на земјата започнало на 11 октомври 1941, кога Првиот прилепски партизански одред ја нападнал бугарската полициска станица Участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. Во нападот учествувале 16 партизани, распределени во три групи. Ослободителните дејствија продолжиле на 12 октомври во Куманово каде во областа Студена вода бил формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба, Карадачкиот одред.

Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг.

Во текот на НОБ од Гостивар и гостиварско своите животи ги дадоа 322 борци и 158 жртви во борбите за слобода од сите националности, Македонци, Албанци, Турци и други. Гостивар и гостиварско дадоа пет народни херои, Чеде Филипоски Даме, Панче Попоски, Видое Смилевски Бато, Тихомир Милошески Тиќо и Злате Малакоски.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 3 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 5 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 6 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 7 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 10 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 11 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Вестипред 1 ден

Стрес, депресија и анксиозност од предолго време на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ …

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена