Поврзи се со нас

Гостивар

83 хоспитализирани со ковид во Гостивар – лекарите велат пациентите предоцна доаѓаат во болница

Објавено

на

Гостивар важи за еден од најпогодените региони во новиот ковид бран. Состојбата се‘ уште е сериозна. Иако деновиве имаше намалување на новите случаи, сепак болницата е преоптоварена со пациенти, а смртноста висока.

На инфективното, интерното, нервното одделение и во модуларната болница во Гостивар вкупно се хоспитализирани 83 ковид болни од кои 62 се ставени на кислородна поддршка. Според информациите од медицинските служби најголемиот дел од хоспитализираните се невакцинирани. Вакцинирани лица кои се заразиле, поминуваат со полесни симптоми, вели д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.

„Апелирам да се вакцинира населението, многу е значајно. Тие што доаѓаат кај нас позитивни, а се вакцинирани имаат многу полесна клиничка слика за разлика од оние што се невакцинирани. Добро е што сега има поголем интерес за вакцинација, да се вакцинираат граѓаните во што поголем број и да се направи тој колективен имунитет. Исто така, според мене мерки што треба да се почитуваат е да се носи маска и на затворено и на отворено, да се држи дистанца и да се внимава многу на хигиената“, вели докторот.

Викендов што измина беа регистрирани 8 смртни случаи. Утрово починаа два пациенти. Лекарите велат дека во најголем дел кога има смртен исход се работи за хронично болни, но нагласуваат дека многу од пациентите се лекуваат дома и предоцна доаѓаат за медицинска помош.

„95% се со хронични болести. Но, голем дел од пациентите што доаѓаат во болница прво се лекувале во домашни услови, и кога ќе дојдат состојбата е толку влошена што тешко можеме да им помогнеме. Подолго време се лекувале со терапија од матични лекари, од лекари кои им се пријатели…И повеќето задоцнето доаѓаат кај нас. Апелирам и до матичните лекари и до пријателите лекари на болните да ги праќаат навреме овде, затоа што навистина во толку тешка состојба мали се шансите да им помогнеме“, потенцира д-р Наумоски.

Периодов за амбулантски прегледи се обраќаат од 15 до 20 пациенти со ковид дневно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување:

ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

Дали користите PayPal?

Advertisement
Вестипред 5 часа

Часовникот на Хитлер продаден на аукција во САД за 1,1 милион долари

Рецептипред 10 часа

Пилешко во сос од 4 сирења: Ручек за целото семејство

Занимливостипред 11 часа

Барселона го изнајмува „Ноу Камп“ за свадби и фудбал

Вестипред 1 ден

Ердоган: Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи

Гостиварпред 1 ден

46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Вестипред 1 ден

Втор ден воздушни и ракетни напади меѓу Израелците и Палестинците

Македонијапред 1 ден

На „Табановце“ се чека до еден час, на „Богородица“ до 30 минути

Македонијапред 2 дена

Регион на Гостивар со 24 новозаразени со коронавирус, во земјава 739

Вестипред 2 дена

Путин: Европа треба да и се заблагодари на Турција

Македонијапред 2 дена

Почина актерот Митко Апостоловски

Гостиварпред 2 дена

Седум повредени лица во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

Гостиварпред 2 дена

Охриѓанец измамен за 19.000 денари, пријавил во ПС Гостивар

Што, како, каде?!пред 2 дена

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Гостиварпред 1 недела

Тринаесетгодишната Андреа од Здуње, најмлада учесничка во Горно Реканската коњаница

Гостиварпред 2 недели

Харис од Ростуше успешно совлада тежок и несекојдневен спортски предизвик „Еверестинг“

Гостиварпред 2 недели

Конечна ранг листа за социјалните станови во Гостивар, доделени 45 од вкупно 70 стана

Гостиварпред 1 недела

„Диви трки” на патот Тетово-Скопје: Учествувале момчиња од Гостивар, Тетово и Скопје

Што, како, каде?!пред 2 дена

Нова акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

Гостиварпред 5 дена

Нападната девојка во салон за убавина во Гостивар

Што, како, каде?!пред 2 дена

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Гостиварпред 2 недели

Промотивни цени на станови во „Пелагонија престиж“ во месец август

Гостиварпред 2 недели

Момчиња од Гостивар фатени со марихуана на плажи во Охрид и Струга

Спортпред 2 недели

Прво место за екипата на Шаховскиот клуб „Гостивар“ на Првенството за жени

Гостиварпред 2 недели

Коњаницата „Бигорски Манастир-Патот до црешовото топче“ по 13-ти пат на марш во чест на Илинден

Гостиварпред 6 дена

Трагедија на патот Маврови Анови – Дебар, животот го загубија три лица

Гостиварпред 4 дена

Од денес до недела Галичник филм фестивал

Гостиварпред 5 дена

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 4 недели

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 2 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Гостиварпред 2 месеци

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Спортпред 2 месеци

Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

Спортпред 3 месеци

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Спортпред 3 месеци

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Вестипред 3 месеци

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Гостиварпред 3 месеци

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Гостиварпред 4 месеци

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Културапред 4 месеци

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

Gostivari

83 ë hospitalizuar me kovid në Gostivar – mjekët thonë pacientët vijnë në spital shumë vonë

Објавено

на

Gostivari llogaritet si një nga rajonet më të prekura nga vala e re e kovidit. Situata është ende serioze. Edhe pse këto ditë kishte zvogëlim të rasteve të reja, megjithatë spitali është i mbingarkuar me pacientë, kurse vdekshmëria është e lartë.

Në repartin infektiv, intern, nervor dhe në spitalin modular në Gostivar gjithësej janë hospitalizuar 83 kovid të sëmurë prej të cilëve 62 janë vendosur në mbështetje oksigjeni. Sipas informatave nga shërbimet mjekësore pjesa më e madhe nga të hospitalizuarit janë të pavaksinuar. Persona të vaksinuar që janë infektuar, kalojnë me simptoma më të lehta, thotë dr. Ratko Naumoski, udhëheqës i repartit infektiv në Gostivar.

“Apeloj që popullata të vaksinohet, është shumë e rëndësishme. Ato që vijnë te ne pozitivë, kurse janë vaksinuar kanë fotografi më të lehtë klinike për dallim nga ato që janë të pavaksinuar. Mirë është që tash ka interesim më të madh për vaksinim, të vaksinohen qytetarët në numër sa më të madh dhe të krijohet ai imunitet kolektiv. Gjithashtu, sipas meje masa që duhet të respektohen janë mbajtja e maskave edhe në hapësira të mbyllura edhe në hapësira të hapura, të mbahet distanca dhe të bëhet kujdes shumë me higjienën”, thotë doktori.

Vikendin që kaloi ishin të regjistruar 8 raste vdekjeje. Këtë mëngjes ndërruan jetë dy pacientë. Mjekët thonë se në pjesën më të madhe kur ka vdekje bëhet fjalë për të sëmurë kronik, por theksojnë se shumë nga pacientët mjekohen në shtëpi dhe vijnë shumë vonë për ndihmë mjekësore.

“95% janë me sëmundje kronike. Një pjesë e madhe nga pacientët që vijnë në spital para janë mjekuar në kushte shtëpiake, dhe kur vijnë situata është aq e përkeqësuar sa rëndë mundemi t’u ndihmojmë. Kohë më të gjatë janë mjekuar me terapi nga mjekët amë, nga një që i kanë miq… Dhe shumica vijnë me vonesë tek ne. Apeloj edhe deri te mjekët amë dhe deri te mjekët miq të të sëmurëve t’i dërgojnë në kohë këtu, sepse me të vërtetë në gjendje aq të rëndë shanset janë të vogla t’ju ndihmojmë”, potencon dr. Naumoski.

Këtë periudhë për kontrolla në ambulancë drejtohen nga 15 deri 20 pacientë me kovid në ditë.

Популарно изминативе 100 дена