Гостивар
88 странци фатени како работат на црно во тетовско-гостиварскиот крај

Во рамките на континуираните активности што ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово за откривање и законско санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат, го злоупотребуваат туристичкиот престој или нелегално работат на подрачјето или за кои постои сомнение дека се инволвирани во други кривични дела, во првите шест месеци од годинава биле спроведени вкупно 15 акциски контроли (ТЕ-10 и ГВ-5). Во овие контроли откриени се 88 странски државјани, кои во најголем број биле затекнати како работат во угостителски објекти. Најмногу од нив – 47 биле од Албанија, 16 од Србија, 8 од Русија, 7 од Украина, 5 од Косово, 2 од Бугарија и по 1 од Босна и Херцеговина, Молдавија и Литванија. Дури 54 од нив непријавено престојувале или го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта и нелегално работеле, претежно во угостителски објекти.
„По приведувањето, странските државјани се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка, по што биле санкционирани со парични глоби, протерување од нашата земја и со забрана за влез од една до три години.“, извести СВР
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград