Македонија
АА: Села единствен предложен кандидат за партиски претседател

„На 13 март во 24 часот заврши рокот за поднесување кандидатури за претседател на Алијансата за Албанците кој ќе се избира на Вториот конгрес што ќе се одржи на 27 март. Да потсетиме дека според статутот кандидат може да се предложи со најмалку 400 потписи и најдоцна две недели пред одржувањето на Конгресот. Согласно оваа статутарна одредба до завршување на рокот до кандидатската комисија е доставен само еден предлог. Над 1600 членови на Алијансата за Албанците со свој потпис го предложија Зиадин Села за претседател на Алијансата за Албанците. Ние како комисија вчера ги верификувавме членовите потпишани во оваа иницијатива, кои се од сите ограноци, од Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, од руралните општини и така натаму. Членовите кои го дале својот потпис се валидни и овој предлог ќе биде проследен до Конгресот на гласање од делегатите.
Во однос на организацијата на Конгресот, во поголемиот дел од ограноците се одржани најголем дел од собранијата на подограноците и овој процес е кон заокружување.“, соопштија денес од Алијанса за Албанците.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава