Поврзи се со нас

Гостивар

Адеми: МОН поднесе жалба, пресудата не вели дека Таравари постапил законски

Објавено

на

Пресудата на Управниот суд во ниту еден момент не вели дека градоначалникот на општина Гостивар постапил законски, реагира министерот за образование Арбер Адеми, откако Таравари објави дека Управниот суд ја уважил тужбата на Општина Гостивар и го поништил решението за одземање на ингеренциите за именување и разрешување на директори во училиштата.

„Судот ја уважил тужбата со образложение дека недостасувале дел од списите, односно сите списи не биле доставени, а некои биле нечитливи за судот (иако сите списи биле уредно доставени), па затоа не можел да ја утврди основата на решението за одземање на надлежностите. Врз основа на оваа пресуда, МОН може повторно да донесе исто решение или да поднесе жалба до Вишиот управен суд. Ние се решивме за втората опција и во понеделник е поднесено жалба со сите списи на предметот, а секако правдата треба да дојде на свое место.“, соопшти Адеми.

Од Министерството за образование велат дека незаконските дејствија и незаконските разрешувања на директорите на училиштата од страна на градоначалникот на Општина Гостивар утврдени од страна на Просветниот инспекторат и Второстепената комисија не можат да бидат покриени.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена