Македонија
АЕК ќе додели одобренија за 5Г следната недела

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на јавен состанок закажан за 11-ти месецов ќе додели одобренија за 5Г.
Воведувањето на 5Г во државава и доделувањето на одбренијата за 5Г се дел од агендата за првиот јавен состанок на АЕК за годинава. На дневниот ред се и теми за роамингот во Западен Балкан и напорите за обезбедување поевтин роаминг со ЕУ, сајбер безбедноста како и за заштита на правата на крајните корисници на електронски комуникациски услуги.
АЕК претходно ја утврди најниската висина на еднократниот надомест и начинот на плаќање за добивање одобрение за користење радиофрекфенции од радиофрекфенциските опсези 700 MHz И 3.x GHZ. Еднократниот надомест за одобренијата А2 и А3 изнесува 5,25 милиони евра, а по 2,9 милиони евра за Б2 и Б3. По 10,8 илјади евра е надоместот за одобренијата Б41, по 5,4 илијади евра за Б44 и Б45, а по 6,3 илјади евра за Б46.
Писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање до АЕК доставија Неотел, А1 Македонија и Македонски Телеком.
На 25 ноември лани АЕК објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, но беше прекинат по постапката на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откако беше поднесена претставка на една од заинтересираните страни, во која се тврди дека со дел од понудените услови за влез на нов мрежен оператор се нарушува конкуренцијата на пазарот.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение