Рецепти
Африкански специјалитет „ШАКШУКА“ – шарен танц во устата

Ова јадење е традиционално во африканските земји. На тамошниот јазик значи „мешавина“ или „тресење“. Во слободен превод – ќе ве стресе од единствен шарен неодолив вкус.
состојки:
-половина главица кромид
-едно чешне лук
-по една зелена и црвена пиперка
-600-700 мл. сос од домати
-5-6 јајца
-една лажица црвен пипер
-сол, бибер, маслиново масло
-магдонос
-малку шеќер
-чили
подготовка:
Загрејте го маслото во подлабока тава. Додадете ги сецканиот кромид и лук и пропржете додека не омекнат. Потоа ставете ги сецканите пиперки и пржете, исто така додека не омекнат. Во сето тоа, налејте го сосот од домати, ставете ги сите зачини и измешајте.
Оставете неколку минути да проврие. На крај одозгора кршете ги јајцата, внимателно едно по едно. Покријте ја тавата со капак и оставете да се готви десетина минути. Јајцата треба да бидат добро зготвени, а сосот под нив малку згуснат.
Шеќерот и чилито се додаваат според вкус, зависно дали повеќе сакате лута или неутрална храна.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?