Поврзи се со нас

Вести

Агелер: На „црната листа“ за санкции во следните месеци ќе видиме едно или две имиња

Објавено

на

„Постојат повеќе видови на санкции што САД ги воведуваат. Овие листи се многу динамични, бидејќи корупцијата во своите многу форми се случува секој ден. Тоа бара време и истражување, за да се осигуриме дека нема да ставиме некој на листа, на која не припаѓа. Верувам дека во следните неколку месеци ќе видиме едно или две имиња и тоа ќе биде процес што ќе продолжи“, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, одговарајќи на новинарски прашања за американската „црна листа“.

Агелер по денешната посета на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, посочи дека нема една листа, и дека постојат повеќе листи кои се прават и постојано ажурираат во Вашингтон.

„Овие листи се многу динамични. Тоа е постојан процес, бидејќи корупцијата во своите многу форми се случува секој ден. Има луѓе кои се вредни за разгледување, и бидејќи системот во Вашингтон е особено правно внимателен, бара време и бара истражување на наводните криминали, за да се осигуриме дека нема да ставиме некој на листа, на која не припаѓаат. Верувам дека во следните неколку месеци ќе видиме едно или две имиња и тоа ќе биде процес што ќе продолжи“, изјави Агелер.

Според Агелер, тоа е процес што не завршува и нешто за што Амбасадата на САД е во постојан контакт со Вашингтон и ќе продолжи да работи секој ден.

„Постојат повеќе видови на санкции што САД ги воведуваат. Некои се финансиски, и може да бидат особено ефикасни, додека дел се поврзани со визи и други правни механизми“, појасни Агелер.

Во Вашингтон, посочи Агелер, се разгледува сите можни форми и една личност може да се најде под повеќе категории на санкции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена