Локални избори 2022
Ахмети и Бејта на средба во Дебреше: Бараме поддршка не за свој интерес, туку за проекти и развој

„Ова е средба што ја побарав на моја иницијатива. Вие знаете дека 20 години, сме биле во служба на граѓаните, без разлика на политичката припадност, не сме правеле поделба, демонстриравме култура. Сакам да слушнам од вас каде направивме грешка во овие 20 години. Со универзитети, официјализирање на албанскиот јазик, со правична застапеност во институциите и квалитетни кадри кои не претставуваат во Вашингтон, Брисел, насекаде. Да не бев сигурен во тој човечки капитал, немаше да стојам пред вас. Сега отворивме ново поглавје и за да ја спроведеме Зелената агенда, потребна ни е и соработката со општините. Имаме луѓе кои можат да ги водат големите проекти, како коридорот 8, гасификацијата и ако имаме поддршка од општините, овие проекти полесно ќе се реализираат.“, порача од предизборната средба во гостиварското село Дебреше, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и побара граѓаните да се мобилизираат во недела и да ги поддржат со својот глас.
Кандидатот за градоначалник на Гостивар од ДУИ, Невзат Бејта на собирот во Дебреше зборуваше за програмата со која излегуваат на изборите и финансиските извори за реализација на проектите.
„Програмата ја создадовме заедно со граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“ и во неа се опфатени значајни прашања за граѓаните. Проектите ќе се финансираат од три извори, првиот е буџетот на општината, потоа државниот буџет за што имаме поддршка од Али Ахмети и Владата, и третиот извор се финансиски средства од меѓународни фондови, како Светска Банка и ЕУ. Ја барам довербата не за себе, туку за проектите, за развој, за ваше Дебреше, за ваш Гостивар. Излезете масовно да гласате, а во недела ќе славиме победа заедно“, рече Бејта.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос