Локални избори 2022
Ахмети: На Гостивар му треба достоен лидер, не сме далеку од победа

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во рамки на предизборната кампања, вечерва беше во гостиварското село Чегране, на средба со жителите, од каде побара поддршка за Невзат Бејта во вториот круг, затоа што, како што рече, на Гостивар му треба достоен градоначалник.
„Оваа средба со чегранци лично ја побарав, исто како и средби со граѓаните од некои други населени места, затоа што поради вирусот не се среќаваме честопати, да разговараме одблиску. И побарав да има што повеќе луѓе кои кои не го дале својот глас за ДУИ. Да, сме правеле грешки, и не знаеме се‘, но многу е јасно кој се грижел за вас изминатите 20 години. Сме работеле и постигнале многу, затоа и не изгубивме ниту еднаш во тие 20 години. Сега отворивме ново поглавје како ДУИ и на Гостивар му треба достоен лидер. Се разбира, многу проекти имаат потреба од политичка поддршка за општините. Го имаме Коридорот 8, железницата што треба да се направи. Ни требаат и општините да го придвижат процесот напред.“, рече Ахмети и побара од граѓаните да се мобилизираат за вториот круг со поддршка на Бејта.
„Не сме далеку од победа, туку блиску до неа. Да беше обратно, немаше да дојдам вечерва. Не сакам во Гостивар или во Кичево да изгубам од ВМРО. Го молам Чегране да се мобилизира и да не дозволи ВМРО да победи. Кога ни давате доверба, не гласате за Бејта, ни за Али, туку гласате за својата иднина.“, подвлече претседателот на ДУИ.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја