Поврзи се со нас

Претседателски 2019

Ахмети во Гостивар: Концептот за консензуален претседател е подобар и за Албанците и за сите други граѓани

Објавено

на

Во рамки на предизборната кампања за Претседателските избори 2019, вчеравечер во Гостивар ДУИ одржа централна средба со граѓани.

Претседателот на партијата, Али Ахмети порача дека концептот за консензуален претседател е најдобриот начин земјата да продолжи да се движи по вистинскиот пат, кон напредок и интеграции во ЕУ и НАТО.

„Знаеме дека нашите луѓе, Албанците ќе анализираат и размислуваат до 21 април, за кого ќе гласаат: за иднина или за враќање наназад. Шест години работиме на идејата за консензуален претседател, за овој концепција и овој почеток, кој е подобар и за Албанците, но и за сите други граѓани. Оваа земја напредува заради заедништвото. Браќа и сестри, ова е нашата земја и тука е нашата приказна. Процесите се движат напред, бидејќи патот што го започнавме е добар пат. Тоа е пат кој е неистражен, но неистражени и отворени патишта ги трасираат храбри луѓе. Најголемиот дел од Албанците го поддржуваат овој концепт. Ајде да излеземе на 21 април победоносно за новиот концепт и за Северна Македонија во НАТО и во ЕУ “, истакна Ахмети.

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити нагласи дека концептот за консензуален претседател го отвора вратите за во иднина Албанец да биде избран за претседател на државата. „Албанците на овие избори се пред голема дилема. Да гласаат за поединец или за концепт. Силно верувам дека Албанците треба да гласаат за концепт. Албанците од Северна Македонија од политичкиот плурализам, отсекогаш имале истакнати личности, нобеловци, фудбалери и многу други личности, достојни вредни за да остваруваат важни функции, како што е претседател на држава. Но, тоа не се остварило, а прилината лежи во концептот. Албанец не станал претседател, не затоа што не бил способен или стручен, туку едноставно погрешниот концепт не го дозволил тоа. Доколку концептот не се промени, албански кандидат никогаш нема да може да биде избран за претседател. Затоа, на 21 април, гласаме за концептот, кој по некое време ќе го отвори патот за Албанец да биде избран за претседател на државата”, рече Меџити.

На средбата во Гостивар свои обраќања имаа и шефот на изборниот штаб на гостиварскиот огранок на ДУИ, Башким Хасани и потпретседателот и екс градоначалник, Невзат Бејта.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена