Гостивар
Ахмети во Гостивар: Се гордеам со кадрите кои ни‘ го белеат образот

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вчеравечер во Гостивар ја продолжи серијата средби со сопартијци и со граѓани. Во своето обраќање ја потенцираше поддршката за евоинтеграциските процеси и зборуваше за приоритетите на партијата со која раководи.
„Ние во политиката сме во контуинитет 20 години и сме точно на вистинската страна. Не случајно нашето мото е “Заедно за Европа”, бидејќи се спроведени низа процеси, постигнато е членство во НАТО, Охридскиот договор. Секако дека има уште многу работа. Политичко движење како нашето, се разбира, без експертска идеја и концепт не може да создаде програма и платформа. ДУИ овие 20 години ги инвестираше во обука на кадри. Се гордеам со кадрите кои ни го белеат образот. Ме прават среќен затоа што се огледало на државата, а тоа ме прави неуморен да продолжиме и да одиме напред. Додека зборуваме, Бујар се враќа од Украина. Скринингот што започна кај нас се прави за земјите кои бараат влез во ЕУ. Земјите од ЕУ треба да споделуваат фондови за да можеме да ги усогласиме стандардите со нив. Односите со соседите се наш приоритет, како и одржувањето на стабилноста. Друг приоритет е да имаме силни иницијативи во областа на инфраструктурата, канализацијата и отпадни води. Овие иницијативи се на добар пат, но не се реализираат преку ноќ. На почетокот на пролетта се надевам дека ќе отпочнат работите за Коридорот 8. Не беше лесно да се започне Коридорот 8 и железницата што ќе го поврзе Скопје со Драч, со сувото пристаниште во Струга.“, рече Ахмети.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пред присутните истакна:
„Сојузот што го направивме со Ахмети е со нашата младина. Денес нашата младина е со оние кои заслужуваат да го носат процесите на свои плеќи. Другиот сојуз е со народот. Не треба да се спротивставуваме затоа што имаме еднакви права. За тоа што го направивме, не треба да се обвинуваме меѓусебно, затоа што таа проценка ја прават граѓаните. Тие што заслужија, а тие што не заслужија граѓаните им го покажаа местото“.
На средбата зборуваа и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар Валдет Џафери како и пратеничката Вјолца Латифи Адеми.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава