Поврзи се со нас

Македонија

АХВ: Да не се внесува храна од животинско потекло во земјава

Објавено

на

Во земјава нема „африканска чума“, ниту кај свињите на комерцијалните фарми, ниту кај популацијата диви свињи, соопшти денес на прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Сепак, како што рече Атанасов, болеста е многу блиску, ја има во Бугарија, поради што состојбата будно се следи, на дневна основа.

-Апелираме, граѓаните кои патуваат во Бугарија и во другите земји каде е потврдено присуство на „африканска свинска чума“, при враќање во земјава, во личниот багаж да не носат храна од животинско потекло. Во спротивно, храната ќе им биде одземена, истакна директорот.

Тој информира и дека се засилени контролите на граничните премини, и од страна на официјалните ветеринари и од страна на царинските службеници,  а поставени се и бариери за дезинфекција поради зголемената фреквенција на патници со оглед на летните одмори.

– Интензивирана е и контролата на добиточните пазари, а на сила е и забраната за носење свињи за продажба без потврда за нивната здравствена состојба, потенцира Атанасов.

Тој најави дека ќе се спроведе т.н. санитарен отстрел во ловиштата по што ќе се земаат и мостри за анализа. Целта е бројот на диви свињи да се сведе на биолошки минимум за да се елиминира каква било опасност од појава или ширење на „африканска чума“. Наредбата за отстрел е веќе издадена.

-Мора да ја подигнеме свеста за болеста на повисоко ниво, а тоа меѓу другото, значи и дека секој треба да си ја заврши својата задача. Комуналните инспектори во општините да вршат заловување на свињите кои ќе бидат затекнати на јавни површини, одгледувачите во селските домаќинства да ја почитуваат забраната за чување на свињите на отворено, да не ги пуштаат на паша, бидејќи постои ризик да дојдат во контакт со дивите свињи кои може да ја пренесат болеста, ловџиите, ловните друштва, шумарските работници и собирачите на шумски плодови да го пријават секое угинување на диви свињи кое ќе го забележат до официјалните ветеринари или до најблиското ветеринарно друштво, а ветеринарните друштва будно да ја следат здравствената состојба на свињите во одгледувалиштата и до официјалните ветеринари да го пријават секој сомнеж за појава на оваа болест, напомена Атанасов.

Според него, многу е битно е и вработените на комерцијалните фарми да не се занимаваат со лов на диви свињи и дома да не чуваат свињи.

Директорот на АХВ потсети дека се спроведени биосигурносни мерки во сите големи комерцијални фарми каде се застапени до 40 отсто од гоениците, додека останатите 60 проценти кои ги чуваат селските домаќинства би било добро да ги почитуваат препораките.

„Африканската свинска чума“ првпат се појави во 2007 година, во Казахстан, но брзо се прошири и во другите земји. Денес ја има и во Романија, Унгарија, Естонија, Латвија, Летонија, Белорусија, Украина, Полска,… Болеста не е опасна за луѓето, но брзо се шири и е погубна за свињите. Особено се големи економските загуби, ако навреме не се интервенира и спречи.

АХВ во континуитет презема мерки за заштита. Како што потсети директорот, донесени се забрани за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од земјите и регионите каде е потврдено присуство на болеста, а од 2017 година почна  и мониторингот на присуство на „африканска чума“ кај дивите свињи. Изработен е План за итни мерки и оперативен прирачник за справување со „африканска чума“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 57 минути

Кои раси кучиња се најлесни за тренирање?

Технологијапред 11 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 14 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 16 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 18 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 19 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 20 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 21 час

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 22 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена