Поврзи се со нас

Здравје и убавина

АХВ до операторите со храна: Заштитете го здравјето на вработените во време на пандемија на корона

Објавено

на

Агенцијата за храна и ветеринарство излезе со препораки и совети до бизнисите и операторите со храна во време на пандемија со коронавирус.

„Заштитете го здравјето на Вашите вработени, согласно со препораките за заштита од Kорона вирусот. Со тоа ќе овозможите соодветно да се одржи производството и прометот со храна во време на пандемијата, кога храната претставува најзначаен производ на пазарот. Ако сметате дека е потребно, препораките напишете ги на видно место.
Засилете ги сите мерки кои се однесуваат на добрите хигиенски и производствени пракси. Иако досегашните сознанија покажуваат дека Корона вирусот не се пренесува преку храната, лицата кои работат со храна, со кашлање, кивање или преку контакт со раце, може да го пренесат вирусот на работните површини и храната, освен, ако строго ги следат добрите практики за лична хигиена. Во процесот на производство и промет со храна, не треба да работат лица кои имаат некој од симптомите на КОВИД-19. Воведете дополнителни контроли со кои ќе обезбедите дека со храна работат здрави лица. Пред почетокот на секоја нова смена, раководителот да направи консултација со вработените, за состојбата со нивното и здравјето на нивните семејства.“, препорачува АХВ.

 

Правилно миење на рацете

Надлежните наведуваат дека чекорите за правилно миење на рацете треба да с еистакнат на видно место.

Лицата кои работат со храна мора да ги мијат рацете: пред да почнат со работа, пред да ракуваат со зготвена храна, односно подготвена храна за консумација од страна на потрошувачите, по ракување или подготовка на сурова храна, по ракување со отпад, должности за чистење, користење на тоалетот, по јадење, пиење или пушење, по ракување со пари, или генерално – редовно.

Доколку се користи заштитна опрема во процесот на производство и промет со храна, информирајте ги вработените како правилно да ја користат, нагласуваат од Агенцијата. „Заштитните ракавици мора често се менуваат, а рацете да се мијат по секое вадење и пред секое менување на нови ракавици. Заштитните ракавици  треба да се сменат по извршување на активности кои не се поврзани со храна, како што се отворање/затворање на вратите со рака, празнење на канти, ракување со пари и сл. Лицата кои работат со храна треба да бидат свесни дека носењето заштитни ракaвици може да им овозможи на микроорганизмите да се соберат на површината на рацете. Затоа, миењето на рацете е исклучително важно кога ќе се отстранат ракавиците. На ваков начин ќе се избегне последователно загадување на храната. Кога се носат заштитни ракавици подолг временски период, без често менување и миење на рацете, микроорганизмите на кожата брзо се размножуваат поради топлината и влажноста што ја создаваат ракавиците. Кога заштитните ракaвици ќе се отстранат, ако  се ракува со храна без миење на рацете, голем број бактерии можат да се пренесат во храната. Правилното миење на рацете е исклучително важно, без оглед  дали се користат заштитни ракавици или не. Ако се користат, миењето на рацете треба да се изврши пред да се стават ракaвиците, меѓу менувањето на ракавиците и откако тие ќе се отстранат.“, се вели во препораките.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена