Поврзи се со нас

Македонија

АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари

Објавено

на

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апалеира одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари. Како што информира, ја следи состојбата со оваа болест која е потврдена во регионов.

    • Со цел зачувување на статус земја слободна од болеста, извоз на живи животни, месо од овци и кози и нивни производи во Европската Унија и заштита од внесување на вирусот на болеста на сила се решенијата за забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози) и производи и нус производи од животинско потекло од регионите каде е потврдена болеста во Република Романија и во Република Грција, кои АХВ ги донесе во јули годинава веднаш по потврдувањето на болеста во посочените региони во овие земји. Како одговорна институција и за здравствената заштита на животните, по потврдувањето на болеста и во регионот, АХВ ги извести Ветеринарната комора, ветеринарните друштва, одгледувачите на животни и официјалните ветеринари за нивните обврски во однос на спроведување на активности за рано откривање на болеста чума кај мали преживари, наведува АХВ.

    Нагласува и дека е упатен апел одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми на болеста, дури и кај едно животно, при што ни едно од животните не смее да го напушти одгледувалиштето.

    • Од таму не смее да се изнесуваат животните, производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре. Во случај на сомнеж или потврда на болеста ќе се применуваат мерките од Планот за итни мерки и оперативниот прирачник за чума кај малите преживари кои Агенцијата ги подготви и донесе уште во 2018 година. Со Планот и оперативниот прирачник се уредуваат постапките и активностите кои треба да се спроведат и применуваат согласно Законот за ветеринарно здравство и Одлуката за планови за итни мерки кај животните. Со овие документи се овозможува ефикасно и ефективно спроведување на мерките за заштита и контрола на приемчивата популација животни – овци и кози, како и брза проценка за ограничување или отстранување на ризикот за внес и ширење на вирусот, потенцира АХВ.

    Според Агенцијата, ветеринарните друштва треба да го зголемат нивото на претпазливост и веднаш да  пријават до официјалниот ветеринар доколку забележат некои од симптомите на оваа болест или угинување на животни од видовите овци и кози.

    Болеста чума кај малите преживари претставува вирусно заболување кај козите и овците, предизвикано од morbilli вирус од фамилијата парамиксовируси и предизвикува големи економски штети. Заразувањето (морбидитетот) на приемчивите животни може да биде од 90 до 100%, а стапката на смртност (морталитет) се движи помеѓу 50 и 100 отсто и е особено изразен кај подмладокот. Светската организација за здравје на животните (WOAH- OIE) и ФАО болеста ја класифицираат меѓу високо заразните прекугранични болести со сериозни општественоекономски реперкусии. Погодувајќи го ситниот добиток, козите и овците, се гледа како на болест од јавен интерес што го попречува развојот на сточарството на локално и национално ниво и ја загрозува безбедноста на храната и егзистенцијата на семејставата кои одгледуваат овци и кози.

    Луѓето не се приемчиви на вирусот и нема опаснот по нивното здравје.

    АХВ одржа координативен состанок со експерти од областа на кој се разгледа епидемиолошката состојба во земјава и во регионот. Донесени беа заклучоци за преземање засилени безбедносни мерки за спречување на внес и ширење на болеста во земјава.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 2 часа

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена