Поврзи се со нас

Вести

АХВ со совети како да ги заштитите животните во зима

Објавено

на

Студеното време проследено со ветер и врнежи можат негативно да влијат на здравјето на животните, иако, повеќето видови, релативно добро ги поднесуваат ниските температури. Агенцијата за храна и ветеринарство советува во вакви услови, одгледувачите на животни навремено треба да обезбедат вода и храна за животните, најмалку за две недели, во количини кои ќе бидат доволни да се задоволат потребите на животните.

„Храната треба да е со задоволителна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на фармите. Во услови на ниски температури и врнежи од снег, препорачливо е одгледувачите да ја зголемат вообичаената дневна дажба на храна за животните, а особено кај гравидните, за да можат да ја одржуваат својата телесна температура. На животните никако не треба да им се дава смрзната храна. Тие исто така не можат и не треба своите потреби за вода да ги обезбедуваат со лижење мраз или снег. Затоа, за нив треба да се обезбеди свежа вода за пиење со соодветна температура. Препорачливо е фармерите, во одгледувалиштата кои имаат автоматски/статичен систем за напојување, навремено да се снабдат со доволен број на корита, кофи и слично кои ќе ги употребат за напојување на животните.“, наведуваат од АХВ.

Надлежните советуваат при екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег, животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште. Во овој случај треба да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова.Доколку не постои можност веднаш да се засолнат животните, привремено може да се употребат ќебиња или друг вид на прекривки за нив, но, во тој случај треба да се внимава прекривките во секое време да бидат суви.

Здравствената состојба на животните  во вакви услови треба почесто од вообичаено да се следи, односно животните потребно е почесто да се посетуваат и набљудуваат. Молзните животни треба да се измолзуваат редовно, во вообичаените интервали. Кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта треба редовно да се чистат од снег или мраз.

Одгледувачите на животни треба да се во комуникација со нивниот ветеринар, за дополнителен совет, или доколку се потребни интервенции.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 3 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 4 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 5 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 6 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 7 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 20 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена