Гостивар
АХВ: Водата од водоводот во Гостивар е безбедна

Безбедна е водата од гостиварскиот водовод, а и присуството на манган е во граница на дозволените вредности, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Според АХВ, ова го покажале резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем што ги изврши Институтот за јавно здравје – Скопје во рамки на вонредниот инспекциски надзор на 05.10.2024 година.
Анализирани биле примероци од три мерни места во Гостивар. Резултатите покажале дека водата за пиење физичко – хемиски и бактериолошки одговара на дефинираните критериуми за безбедност и квалитет.
„Паралелно, на 5, 8 и на 09.10.2024 година, земени беа десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод Гостивар од страна на Центар за јавно здравје Гостивар. Резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметрите од Правилникот, а манганот е во граница на нормалните вредности. Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем“, наведува АХВ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос