Македонија
АХВ: Заштитете ги и животните од високите температури

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се води грижа и за домашните животни и милениците. Намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст се дел од последиците врз здравјето на животните кои може да ги предизвикаат високите температури. Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на животните на сонце, при што исходот може да биде фатален за животните доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на нивната здравствена состојба.
Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), суви слузници, зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат при посериозните случаи, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните, за што е неопходна итна реакција.
Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија и полека да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура треба да се намали со ставање на ладни облоги (покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа), туширање/прскање со умерено ладна вода, но треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.
За да се обезбедат соодветни услови за животните на одгледувалиштата, при високи температури потребно е да се внимава и на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директнaта изложеност на сончевите зрачења, односно, во испустите потребно е да има натстрешници или природна сенка. На животните во одгледувалиштата треба во секое време да им е достапна свежа вода за пиење. Доколку животните одат на паша или треба да се транспортираат тоа треба да се врши во раните утрински или вечерните часови кога температурите се пониски.
Сопствениците на домашни миленици треба да водат сметка милениците да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и да се избегнуваат прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните, доколку сте во можност и на бездомните за кои нема кој да се грижи, во услови на високи надворешни температури, обезбедете им доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода за пиење.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос