Спорт
Академија Навико ФМП го „нокаутира“ КК Гостивар 82-70

Академија Навико ФМП ја совлада екипата на КК Гостивар со 82-70 во денешниот натпревар од 20. коло, нанесувајќи му го 8 пораз во сезоната и замрсувајќи му ги сметките за висок пласман пред почетокот на Супер-лигата.
Домаќините сигурно го отворија натпреварот, први го презедоа водството, кое константно го зголемуваа за првите 10 минути да ги добијат (24-17). И вториот период им припадна на домаќините, во кој гостиварци успеаа да постигнат само 12 поени (19-12) и за едно полувреме да остварат катастрофален шут за три поени, 3 од 20 обиди, што екипата на ФМП рутински успеа да го искористи зголемувајќи ја предноста на полувреме 43-29.
Академија Навико ФМП и во третиот период продолжи да ја материјализира инфериорноста на екипата на Гостивар, стигнувајќи до предност од +20, пред почетокот на последните 10 минути (63-43). Гостинот од поодамна беше нокаутиран, се чекаше истекот на времето во последниот период за конечен резултат 82-70 .
Никола Силаџи беше најефикасен на теренот, успеа да запише 30 поени. Стефан Крстајиќ запиша 20, Лука Стојановски 18 поени.
До крајот на регуларниот дел од првенството остануваат уште два натпревари, во следното коло КК Гостивар го пречекува Пелистер.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение