Поврзи се со нас

Гостивар

Акциите во Гостивар продолжуваат: 30-годишник лишен од слобода поради марихуана

Скоро секојдневно во регионот на Гостивар полицијата открива лица со наркотици и дрога. Последниот случај е евидентиран вчеравечер (15 јануари).

МВР информира дека околу 21.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на булеварот „Браќа Ѓиновски“ лишиле од слобода триесетгодишник, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, велат од МВР.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!