Гостивар
Акција во Гостивар и Тетово-До 250 евра казна и одземање дозвола на возачи кои не пропуштале пешаци

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (20 октомври) од 6 до 11 часот спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците.
При контролата откриени и законски санкционирани се вкупно 14 прекршоци (Тетово-10 и Гостивар-4). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на непропуштање на пешаци на обележани пешачки премини, а санкционирани се и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-7).
„На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 200 до 250 евра во денарска противвредност, а за непропуштање на обележан премин предвидена е и мерка времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година.“, информира полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово со уште едно потсетување на возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, посебно на обележани премини, крстосници и кога се движат на патишта и улици на кои нема обликувани тротоари. На пешаците,пак, им се советува да внимаваат каде ги преминуваат улиците и да не се движат и задржуваат на коловози.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 5 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава