Гостивар
Акција во Гостивар и Тетово-По 400 евра казни за превоз на патници во неисправни возила

Денеска (16 јуни) од 8 до 13 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси, комбиња и такси патнички возила. При контролата биле откриени и санкционирани 8 прекршоци (Тетово-6 и Гостивар-2), односно 8 технички неисправни возила, информира полицијата.
Шест од нив имале неисправни сопирачки, едно возило било со истечена регистрација и едни со неизвршен вонреден технички преглед.
На сите прекршители изготвени им се поднесоци, а неисправните веднаш биле исклучени од сообраќај. Тие ќе се соочат со предвидената парична глоба од 400 евра.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува возачите навреме да ја проверат техничката исправност на возилата што ги управуваат и да ги отстранат евентуалните недостатоци, не само како учесници во јавниот превоз, туку и сите други. Ова, посебно се однесува на возачите кои со возила ќе патуваат кон летните туристички дестинации во нашата земја и надвор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос