Гостивар
Акција за чистење на отпадот во кругот на болницата во Гостивар

Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар денес организираше акција за расчистување на отпадот во дворот и поширокиот круг на установата. Еколошката активност се спроведе во соработка со јавното претпријатие „Комуналец“.
„Во периодот додека ќе ги извршувам обврските како директор на болницата, бескомпромисен приоритет ќе ми биде хигиената, почитување на работното време од страна на вработените, капитални инвестиции и нови здравствени услуги за пациентите од нашиот град и пошироко. Се трудам секој ден заедно со мојот тим да ја посетувам секоја област на болницата за одблиску да ги видам моменталните состојби и ви ветувам дека во секој дел од одделот, амбуланти или различни сектори кои ќе ги оцениме дека се приоритет, ќе интервенира во подобрување на условите, секогаш во интерес на пациентите и вработените во болницата.“, се вели во изјавата од в.д. директорот Арѓент Муча.
Истовремено, тој апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата на болницата:
„Ја користам оваа прилика да ги замолам сите граѓани кои имаат свои роднини како пациенти во нашата болница да ги почитуваат правилата на болницата и да ги посетуваат своите роднини само во периодот на посета и дека секој ден од 14:00 до 16:00 часот, напротив, доколку посетите се вршат надвор од овие часови, болничкото обезбедување ќе има обврска да не им дозволи влез во болничките простории. Се надевам дека сите овие правила ќе бидат почитувани од сите вас, бидејќи овие правила се во најдобар интерес на пациентите, вработените ќе бидат послободни да ги извршуваат своите обврски и здравствени услуги кон пациентите и што е најважно, ќе има помалку движење во болничките простори и чистотата ќе биде на повисоко ниво.“
Новата управа најавува низа активности во следниот период.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог