Поврзи се со нас

Гостивар

Акција за донирање ранци и училишен прибор во Гостивар – „Со срце дарувај, ученик израдувај“

Објавено

на

„Со срце дарувај, ученик израдувај“, под ова мото и годинава гостиварската локална самоуправа организира акција за донирање училишни ранци и прибор за ученици од социјално ранливи семејства.

Подготовките за на училиште се удар врз секој семеен буџет, но особено за родителите коишто се невработени и живеат од социјална помош. Токму затоа, се ипраќа апел сите граѓани и компании кои имаат можност да се вклучат, и да донираат. Акцијата ќе се спроведува од 31 август до 11 септември.

Годинава поради пандемијата учебната година ќе започне подоцна и во поинакви услови, сепак на децата им се неопходни основните работи за совладување на наставниот материјал.

„Знаеме дека поради пандемијата владее криза и не им е лесно ниту на компаниите, ни на граѓаните. Сепак, оние кои имаат можност ги повикуваме да се вклучат и заедно да помогнеме на семејствата во социјален ризик. Гостиварчани се хумани луѓе и знаеме дека тоа ќе се потврди и овојпат и дека акцијата ќе биде успешна“, рече Аслијан Снопче, раководител на Сектор за образование во Општина Гостивар.

Минатата учебна година во Гостивар беа спроведени повеќе акции во кои беа собрани над 300  електронски уреди за ученици, со цел да може да следат онлајн настава. Училиштата сега прибираат податоци уште колку деца останале без услови за настава преку интернет. Од општината очекуваат Министерството за образование да им обезбеди лап топи, компјутери и слично.

Во акцијата „Со срце дарувај, ученик израдувај“, лани беа обезбедени училишни ранци и прибор за околу 500 ученици од гостиварските училишта.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 12 минути

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 3 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 5 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 6 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 7 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 8 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 9 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 10 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена