Гостивар
Акција за засадување дрвца во Гостивар: Повеќе зеленило и повисока еколошка свест

Локалната самоуправа на Гостивар денес организираше акција за засадување на дрвца, по повод Светскиот ден на екологијата, 21 Март. На различни локации низ градот засадени се четириесет дрвца, а во акцијата во градскиот парк учествуваше и градоначалникот Ваљбон Лимани.
„Поради случувањата во Кочани одбележувањето на Светскиот ден на екологијата беше одложено за денес. Симболично засадуваме 40 дрвца кои се донација од наш сограѓанин кој живее во Швајцарија. И понатаму ќе продолжиме со исто темпо со засадување, со цел да го зголемиме бројот на дрвја и да ги прошириме зелените површини.“, изјави Лимани и упати апел до граѓаните за повисока еколошка свест.
„Апел до граѓаните е да ги чуваме зелените површини и да се грижиме за нив, затоа што тие се наше богатство. Како општина ние ќе преземаме мерки и со нашите инспектори, а се надевам дека во идинина доколку поминат измените на Законот за локална самоуправа ќе имаме и општинска комунална полиција која ќе потпомогне да ги зачуваме зелените површини и се друго што е од јавен интерес.“, рече градоначалникот.
Денешните активности беа реализирани во соработка со Црвениот крст на Гостивар, Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило и средните училишта.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог