Гостивар
Акцијашите од Гостивар ја уредуваат патеката од Беловишки Мост до Асан Чешма

Здружението на акцијаши од Гостивар деновиве почна со активности за уредување на патеката од Беловишки Мост до Асан Чешма. Со акцијата е предвидено расчистување на патеката, поткастрување на околната вегетација која попречува движење, собирање на отпадот како и маркација.
„Ова е наша прва акција оваа година. Сакавме да спроведеме чистење и маркација на патеката за попријатно и полесно движење на рекреативците кои ја користат“, велат од Здружението.
Од таму најавуваат и други акции на поширокиот гостиварски регион, кога ќе се подобрат временските услови.
Гостиварското здружение на акцијаши лани спроведе повеќе активности за уредување на споменици и обележја од НОВ во Ново Село, Аџина Река, Никифорово, Леуново и др. Негови членови, исто така учествуваа и во работна акција во велешко Горно Врановци и во Нови Пазар, Србија.
Здружението постои околу шест години.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос