Поврзи се со нас

Гостивар

Акцијата за помош на социјално ранливи ученици во Гостивар продолжува, донациите веќе се распределуваат низ училиштата

Објавено

на

Акцијата „Од срце дарувај, ученик израдувај!“ што ја спроведува општинскиот Сектор за јавни дејности на Гостивар, во соработка со општинските основни училишта, од понеделник започна со распределба на собраните донации. Комплети ранци и училишен прибор до сега се дистрибуирани до основните училишта „Форино“, „Гоце Делчев“ за второ и трето одделение во македонските паралелки, „Чајле“, „Лирија“ и „Исмаил Ќемали“, како и во подрачни  училишта во планинските села.

„Албанскиот исламски центар Ел-Фуркан Минхен донираше 110 чанти со комплет училишна опрема за ученици од основните училиште, а менувачницата  Алпина донираше 100 чанти. Како и минатата, така и оваа година, Секторот за образование презеде иницијатива да ги пречека сите ученици од основните училишта со подароци за кои најдовме поддршка од истиот донатор Исламскиот центар Ел-Фуркан Минхен. Акцијата за донирање ќе трае до 20 септември. Се надеваме дека ќе бидат опфатени сите ученици на кои им е потребна помош. Вкупниот број на ученици од списоците обезбедени од сите училишта надминува 550. Секој може да придонесе и донира според можностите, тетратки, моливи, гуми за бришење, се до комплетирање на ученик со целиот потребен училишен прибор.“, изјави Имерлие Салиу од Секторот за образование.

Салиу повторно апелираше сите граѓани без оглед на националноста, да донираат чанти и училишен прибор според своите можности, како и градските маркети, разни фондации и компании да се вклучат во акцијата. Донаиците може да се оставаат на собирни пукнтови во: „ЕТЦ“ и книжарниците: „Европа“, „Рахман“, „Култура Гост“, „Офис плус“.

Контакти за дополнителни информации: 042 / 214-600, 070 / 781-396.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена