Поврзи се со нас

Гостивар

Акцијата за санирање на Русино ќе трае најмалку 4 до 5 дена, зафатена е поголема површина

Објавено

на

Акцијата за санирање на опожареното  Русино кај Гостивар продолжува. Стабилизирањето на состојбата нема да биде лесна работа. Зафатена е поголема површина, а со оглед дека се работи за депонија, гаснењето не оди со вода, туку потпалениот отпад се затрупува со земја.

Освен општината и Комуналец, во акцијата со градежна механизација се вклучи и гостиварското одделение на Дирекцијата за заштита и сапсување преку фирма со која има склучено договор.

„На барање на градоначалникот Арбен Таравари, ние се вклучивме во санирањето на депонијата Русино. Ја ангажиравме фирмата „Магнум транс“ со која имаме склучено договор. На терен сме од вчера попладне од 14 часот. Сега таму работиме со 4 багери и 4 камиони, а по потреба ако се оцени ќе ангажираме плус механизација. Ќе останеме додека се санира комплетно ситуацијата. Вчера направивме увид, пожар се уште има. Локалната самоуправа има ангажирано друга приватна фирма со механизација, исто така има и екипи на Комуналец, но зафатена е поголема површина, и затоа ние се вклучивме во помош. Наша оценка е дека ќе треба да се работи најмалку 4 до 5 дена за да се среди состојбата. Денес бевме исто така на увид, подобрена е ситуацијата, но депонијата уште чади и мора уште да се работи.“, изјави Лирија Селмани, раководител на Дирекција за заштита и спасување во Гостивар

Револтирани од еколошката катастрофа што ја предизвикува Русино, гостиварци покренаа граѓанска иницијатива за повеќедневно блокирање на патот кој води до депонијата, што најверојатно ќе се спроведе после изборите. За вечерва е закажан состанок на Граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ на која се очекува да бидат донесени повеќе заклучоци. Поддршка стигна и од тетовска Еко герила, во чие соопштение се вели:

„Жителите на Гостивар, во време на пандемија се принудени да дишат загаден воздух, поради пожарот на регионалната депонија Русино. Барањето на граѓаните да се организираат за заштита од ова труење е легитимно, а Еко Герила целосно ги поддржува да постапуваат во согласност со законите и правата на граѓаните за организирање, почитувајќи ги мерките за лична заштита во време на пандемијата!“

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена