Здравје и убавина
Ако децата пијат по половина литар PRIME дневно ќе се предозираат со витамини, минерали и вештачки засладувачи

PRIME HYDRATION DRINK е безалкохолен пијалок со додадени витамини, минерали и аминокиселини, кој може да се најде на пазарот во Македонија. Во декларацијата на производот е наведено да се консумира 500ml дневно. Содржината на витамините и минералите одговара на препорачаниот дневен внес на витамини и минерали за возрасен човек. Но, овој производ е многу популарен и широко употребуван од страна на децата. Ако децата, на возраст од 1 до 14 години, консумираат 500ml дневно од овој производ, ќе се соочат со зголемен внес на витамини и минерали несоодветен за нивната возраст, само со овој пијалок. Секако дека во текот на денот ќе ги внесуваат истите витамини и преку други прехранбени продукти. За децата на возраст од 7 до 14 години дневниот внес на витамини и минерали е два пати повисок преку овој пијалок, а ова особено се однесува на липосолубилнните витамини, како што се витамин А и витамин Е. Овој производ не содржи кофеин, не содржи шеќери, значи не е енергетски пијалок, но затоа содржи засладувачи. Тоа значи дека децата ќе се соочат и со зголемен внес на вештачки засладувачи.
Консумацијата на PRIME HYDRATION DRINK кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација 500 мл дневно. Како и секогаш нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови.
Напомена за возрасните лица дека не треба да консумираат повеќе од 500мл дневно.
извор: Институт за јавно здравје
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо