Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Ако имате проблеми со тироидната жлезда избегнувајте ја оваа храна

Објавено

на

Проблемите со тироидната жлезда се една од најчестите несакани здравствени состојби во светот. Неправилното функционирање на штитната жлезда може значително да го намали квалитетот на живот, па затоа би било добро да се следи исхраната препорачана од стручњаците.

Познато е дека неправилната работа на тироидната жлезда може да го отежне слабеењето, на пр., но има и други несакани последици, како што се проблеми со варењето, постојан замор итн. Автоимуните болести најчесто предизвикуваат маана на тироидната жлезда. Ова би значело дека имунолошкиот систем произведува антитела коишто влијаат штетно на жлездата. Најпознатите две состојби се Хашимото тироидитис (се отсликува со неактивност на жлездата) и Гравесовата болест (проследена со прекумерна активност на штитната жлезда). Исто така, важно е да се истакне дека оваа состојба почесто се јавува кај жените, особено по породување или во менопаузата.

Глутен

Многумина денес се одлучуваат за исхрана без глутен, бидејќи таа е силен поттикнувач на автоимуни болести. Предизвикува низа воспаленија во телото, а кај некои луѓе може да предизвика и имунолошкиот систем да произведува антитела што ги напаѓаат одредени органи или ткива во телото.

Глутенот го има во јачменот, ’ржта, пченицата и слична храна, и е составен дел од многу секојдневни намирници. Со прекинот на консумација на храна којашто содржи глутен, функција на тироидната жлезда треба да се подобри, сметаат лекарите.

Млечни производи

Ако телото е интолерантно на млеко и млечни производи, тоа значи дека тие хранливи материи нема добро да се разградат. Во овој случај, може да поттикне раст на штетни микроби во системот за варење, како што се штетни бактерии и габи.

Шеќер

Познато е дека шеќерот е штетен за работата на тироидната жлезда. Тој поттикнува воспаленија во човековото тело, цревни инфекции, но ги влошува и автоимуните болести. Ако цревната обвивка е обрасната со штетни микроби, тие ќе предизвикаат воспаление.

Големи количини сирова зелка

Зелка, брокула, карфиол, кељ и бриселско зелје не треба да се јадат во преголеми количини, како што советуваат стручњаците – особено не сирови. Овие зеленчуци содржат супстанции што поттикнуваат гушавости и може да спречат штитната жлезда да апсорбира јод.

Соја

Голем дел од култивираната соја е генетски модифицирана, па затоа треба да е што помалку присутна во исхраната. Покрај тоа, сојата потешко се вари, а протеините што ги содржи всушност не можат целосно да се апсорбираат. Нејзините состојки предизвикуваат иритација на цревната слузница и ја забавуваат апсорпцијата на јод.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена