Веројатно некогаш ви се случило да сретнете некој збор каде што некоја буква недостасува или со неисправен редослед на буквите, а вие сепак на некој начин ќе го прочитате тој збор или реченица исправно.
Во продолжение ако правилно и без потешкотии го прочитате пасусот вашиот мозок работи совршено.
СТ3 ЗН43Л3 Л1 Д3К4 Ч083ЧКИ0Т М0З0К ИМ4 СП0С06Н0СТ Т3КСТ0Т Д4 Г0 Н46ЉУДУ84 К4К0 Ц3ЛИН4 И Д4 6EЗ ПР06Л3МИ ПР3ПОЗН484 И ЧИТ4 З60Р08И К0И Н3 С3 ИСПР48Н0 Н4ПИШ4НИ? 0844 П0Ј484 С3 Н4Р3КУ8А ТИП0ГЛИК3МИЈ4, 4 И4К0 С3УШТ3 Н3 3 СЛУЖ63Н0 З483Д3Н4 В0 КНИГИТ3, СВ03Т0 М3СТ0 СИ Г0 Н40ЃА 80 Г3ШТ4ЛТ ПСИХ0Л0ГИЈ4Т4.
Човечкиот мозок е биолошки компјутер кој обработува информации. Тој не е во состојба да решава сложени математички операции како вистински компјутер, но може да размислува, пишува поезија, дизајнира, режира филмови…
Ако успеете и да ја прочитате и нареднава порака без проблеми, тоа значи дека вашиот мозок работи безпрекорно.
„Ванжо е смао пврата и псолендата бкува од зоборт да се на всинткото мсето. Бкувите во седрниа мжоат да бдиат имзеснети. Вие итсо така моежте без порлбеми да чтиате и на сртаснки јзаик“. Дали успеавте ова да го прочитате? Веруваме дека успеавте!
Типогликемија е псевдонаучна конструкција која настанала после едно писмо упатено до Њу Сајентс, а станува збор за аномалија на мозокот да препознава, а потоа и да ги прочита зборовите во кои буквите се изместени.
Се јавува поради тоа што мозокот, како најсложен човеков орган е способен да изведува комплицирани дејствија, меѓу кои спаѓа и можноста на зборовите да гледа како на целина, а не буква по буква.
Доволно е да се задржат првата и последната буква во зборот, а останатите можат да се преместуваат на секаков начин и повторно ќе биде релативно едноставно да прочитате.