Локални избори 2017
Ако не одат на обука, членовите на избирачките одбори нема да добијат пари за изборите
Државната изборна комисија годинава воведе ново правило врзано за исплатата на надоместокот што го добиваат членовите на Избирачките одбори за својот ангажман на изборите. За членовите како и во претходните изборни циклуси се организираат едукативни обуки на кои тие се запознаваат со своите обврски и начинот на работа, за што добиваат уверение. Новина е што без посета на обуката, односно без уверението, членовите на Избирачките одбори нема да можат да добијат надоместок.
Надоместок ќе добијат само тие членови кои ќе посетуваат едукација и ќе добијат уверение за учество, се наведува во Прирачникот за едукација на ДИК. Од друга страна, неучеството на работилницата и недобивањето уверение не ги ослободува од обврската да бидат член на Избирачкиот одбор. Што значи дека ќе мора да работат на денот на изборите, но нема да добијат надоместок.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија