Занимливости
Ако некогаш сте ги собирале овие карти, денеска може убаво да заработите

Сите вљубеници во Покемон кои некогаш ги собирале овие карти, сега може добро да се збогатат. Картите кои се продаваа при крајот на минатиот и почетокот на 21 век, за неколку центи, денес на eBay се продаваат за околу 6.000 евра.
Највредните покемон карти се оние од 1999 и 2000 година. Според колекционерката Трејси Мартин, тие се највредни бидејќи немаат „сенка“ што ги прави исклучителни.
Мартин открива дека разликите помеѓу картите без сенка и останатите е последицата на промената на дизајнот.
Таа истакна како е важно да се провери дали картите на Покемон имаат ознака од првото издание, ако имаат, вредат и многу повеќе. Доколку имате од поновите карти, порачува да не се фрлаат, туку да се чуваат уште некое време бидејќи и нивната вредност може значајно да порасне.
– Со сигурност нема ништо да изгубите ако ги чувате овие карти, можеби нема да ја достигнат вредноста како старите карти, а можеби и ќе ја достигнат за неколку години, вели таа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош