Гостивар
Ако забележите бездомници во Гостивар пријавете кај социјалните служби за да се згрижат на топло

Во период на ниски температури и непријатни временски услови кои владеат, службите во Гостивар вршат подготовки и преземаат активности да пружат помош на загрозени граѓани бездомници, коишто немаат покрив над главата и студените денови ги минуваат на отворено. Од Центарот за социјална работа апелираат до граѓаните доколку забележат таков случај да го пријават, за да може навреме да се реагира.
„Доколку има регистрирани бездомници нашите тимови излегуваат на терен, ги преземаат и во соработка со Центарот за социјална работа на град Скопје ги сместуваме во Чичино село, како центар во кој се згрижуваат бездомниците. Ако граѓаните забележат бездомни луѓе на улица, по паркови и слично да ги пријават во нашиот центар, за ние да ги преземеме мерките и соодветно да ги сместиме. Доаѓа зима, времето заладува и треба да се грижиме за нив, зашто, не дај боже, може да се случат и сериозни последици“, вели директорот на Центарот за социјална работа во Гостивар, Дарко Миовски.
Во однос пак, на децата коишто питачат на улица, социјалните служби преземаат активности во координација со полицијата.
„Децата затекнати на улица што питачат најчесто имаат родители, во соработка со полицијата излегуваме на терен правиме акции, ги пронаоѓаме родителите и го враќаме дома, но ако родителите ги присилуваат да просат и сето тоа се повторува поведуваме постапка за одземање на родителското право“, рече Миовски.
Минатата година на гостиварското подрачје социјалните служби евидентирале еден таков случај, додека годинава немало.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче