Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Активен јаглен идеален за детокс, особено за пушачи и сите кои нездраво се хранат

Објавено

на

Активниот ( медицински) јаглен се` користи како лек, уште од времето на Старите Египќани, кои случајно откриле дека спречува труење на организмот. Тоа е супстанца без  вкус и мирис и се добива со горење на природните состојки на високи температури во присуство на гас.

Делува наначин што ги лепи отровите на својата површина и ги исфрла од организмот. Апсорбира речиси се` од желудникот и цревата и она што е најважно многу е безбеден за употреба.

За што може да го користите?

Детоксификација – Активниот јаглен може многу да помогне во  унапредување на здравјето на дигестивниот тракт преку отстранување на токсините од системот, а со тоа индиректно и за целокупното телсно и ментално здравје. Тој е идеален прочистувач на организмот и особено се препорачува на пушачи и лица кои немаат здрава исхрана.

Против гасови и надуеност во стомакот – Активниот јаглен ги врзува нуспроизводите на храната кои предизвикуваат гасови, непријатност и надуеност во стомакот, со што многу помага во отстранување на таквите тегоби.

Труење со храна или лекови – Доколку се соочите со ваков проблем, веднаш посегнете по активен јаглен. Ефикасен е за акутни состојби на труење во оганизмот предизвикани од расипана храна или земање поголема количина лекови.

Против мамурлук – Активниот јаглен е одлично освежување за некој што претерал со алкохолот, поради моќното дејство за исфрлање на токсините. Најдобро е кога пиете, да пиете умерено, но ако претерате, исчистете го телото со активен јаглен.

Избелување на заби – Активниот јаглен позитивно влијае на оралното здравје и одржување на PH балансот во устата. Има способност за абсорбирање на плак и микроскопски честички, кои формираат дамки на забите. Измешајте активен јаглен во прав со паста за заби и измијте ги забите на вообичаениот начин, задржувајќи се на местата кои имаат најмногу флеки.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена