Локални избори 2017
Активност на ВМРО ДПМНЕ – „Гостиварчанки се за традиционални и семејни вредности“

„Да го сочуваме семејството. Тоа е единственото вистинско богатство. Да ги зачуваме традициите во семејството и во живеењето“, порача вечерва кандидатот за градоначалник на Гостивар од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од настан во чиј фокус беа традиционалните и семејните вредности со трпеза со домашно приготвени јадења и изложба на ракотворби. Зборувајќи за градењето на својата политичка кариера, Стојаноска нагласи дека најголемата поддршка ја имала од своето семејство. „Ништо од ова немаше да биде доживеано со радост, ако не беа тука моите најблиски. Јас на моето семејство, децата и сопругот никогаш нема да можам да им го надокнадам изгубеното време кое требаше да го поминеме заедно, затоа сакам јавно да им се заблагодарам и извинам. Вечерва сме собрани жени од различни националности, но жени кои знаат дека семејството и традицијата се клучот да се издржи да се биде жена и да се задржи улогата на жена како мајка, сопруга, вработена, политичарка, вредна и успешна, а сепак жена“, рече Стојаноска во своето обраќање.
Пред присутните зборуваа и претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар и кандидат за советник, Јасмина Василеска и носителот на листата, Лоран Страшевски.
„Гостиварската жена домаќинка било да е Македонка, Албанка, Турчинка, Ромка или било која друга националност е успешна жена во секоја област. Пред се мајка, добар наставник, хуман доктор, активен новинар, добар функционер, а можеме да потврдиме дека е неуморен борец за правата на сите нас во Собранието како што докажа нашата пратеничка и кандидат за градоначалник“, потенцираше Василеска.
„Гостиварчанки остекогаш биле познати како големи домаќинки и тоа се пренесува од генерација на генерација. Исто така се силни, храбри, истрајни, посветени на традицијата и семејните вредности“, рече Страшевски.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден