Поврзи се со нас

Локални избори 2017

Активност на ВМРО ДПМНЕ – „Гостиварчанки се за традиционални и семејни вредности“

Објавено

на

 

„Да го сочуваме семејството. Тоа е единственото вистинско богатство. Да ги зачуваме традициите во семејството и во живеењето“, порача вечерва кандидатот за градоначалник на Гостивар од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од настан во чиј фокус беа традиционалните и семејните вредности со трпеза со домашно приготвени  јадења и изложба на ракотворби. Зборувајќи за градењето на својата политичка кариера, Стојаноска нагласи дека најголемата поддршка ја имала од своето семејство. „Ништо од ова немаше да биде доживеано со радост, ако не беа тука моите најблиски. Јас на моето семејство, децата и сопругот никогаш нема да можам да им го надокнадам изгубеното време кое требаше да го поминеме заедно, затоа сакам јавно да им се заблагодарам и извинам. Вечерва сме собрани жени од различни националности, но жени кои знаат дека семејството и традицијата се клучот да се издржи да се биде жена и да се задржи улогата на жена како мајка, сопруга, вработена, политичарка, вредна и успешна, а сепак жена“, рече Стојаноска во своето обраќање.

Пред присутните зборуваа и претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар и кандидат за советник, Јасмина Василеска и носителот на листата, Лоран Страшевски.

„Гостиварската жена домаќинка било да е Македонка, Албанка, Турчинка, Ромка или било која друга националност е успешна жена во секоја област. Пред се мајка, добар наставник, хуман доктор, активен новинар, добар функционер, а можеме да потврдиме дека е неуморен борец за правата на сите нас во Собранието како што докажа нашата пратеничка и кандидат за градоначалник“, потенцираше Василеска.

„Гостиварчанки остекогаш биле познати како големи домаќинки и тоа се пренесува од генерација на генерација. Исто така се силни, храбри, истрајни, посветени на традицијата и семејните вредности“, рече Страшевски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена