Гостивар
Акција низ Гостивар: Комбиња натрупани со патници, возачи без дозвола и лекарско…

Во комбињата за јавен превоз на патници на гостиварското подрачје и оние кои ги превезуваат учениците, честопати има претовар и се преполнуваат со патници повеќе од дозволеното. Превозниците на ваков начин се обидуваат да ги намалат своите трошоци, без да обрнат внимание на можните последици и безбедноста на патниците. Последната контрола на полицијата го потврдува несовесниот однос на комбистите.
СВР соопшти дека вчера во периодот од 6 до 9 часот, во Гостивар била спроведена акциска контрола со која вкупно биле опфатени 35 комбиња кои вршат јавен превоз. При контролата биле откриени девет возила со претовар на патници, осум возачи без лекарско уверение, тројца возачи без положен возачки испит, еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја прилагодил брзината според условите на патот. Констатираните прекршоци биле санкционирани со законски предвидените поднесоци.
Казната за претовар, кога станува збор за фирма за автобусите изнесува 2.000 евра, додека за комбињата е 1.400 евра. Доколку физичко лица во својот автомобил вози повеќе од дозволениот максимум патници, ќе плати казна од 45 евра.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?