Вести
Акција во Гостивар за децата бегалци
На градскиот плоштад во Гостивар денес се спроведе хуманитарна акција за помош на децата бегалци од Сирија. На посебен штанд се добираа донации, а беа поделени и информативни летоци и уплатници за граѓаните кои изразија желба да донираат средства на жиро сметка. Активноста е дел од кампањата „Македонија со љубов за Алепо“ што заеднички ја спроведуваат првата детска Амбасада „Меѓаши“ и здружението на граѓани „Легис“. Партнери на настанот во Гостивар беа средното економско училиште и гимназијата.
„Целта е да ја подигнеме свеста особено на помладите во воспитно образовните институции, децата, учениците за состојбата во која се наоѓаат нивните врсници од Сирија и воопшто бегалците, потребата од солидарност и помош на луѓето кои страдаат од војна. Зборуваме за луѓе, деца кои ги загубија своите домови и речиси сè што имаат“, изјави Ана Битољану, од Детската Амбасада „Меѓаши“
Во рамки на кампањата за помош на децата бегалци од Сирија, до сега беа организирани донаторски настани во кои се вклучија училишта од повеќе градови: Скопје, Дебар, Велес, Виница, Охрид и други.
Освен собирање на донации од граѓаните и бизнис секторот, проектот е насочен и кон подигнување на свеста на младата популација за хуманост и солидарност. Средствата се наменети за децата бегалци, лоцирани во кампови на граничната зона на Турција со Сирија.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград