Вести
Акција за чистење и средување во ромската населба „Дупка“
На иницијатива на жителите на ромската населба “Дупка” во Гостивар, денес се спроведува акција за чистење, во која се вклучи Јавното претпријатие “Комуналец”.
Локалните жители ги чистат отпадоците и го собираат на едно место, а јавното претпријатие го превезува сметот и врши израмнување на патот што води до населбата и расчистување на каналoт за атмосферски води.
Во ромската населба „Дупка“ владеат субстандардни услови за живот, без никаква уредена инфраструктура. Во февруари годинава, беше најавено дека мизерната глетка на оваа населба постепено ќе се менува, со координирани мерки на локалните и државните институции при што најпрво ќе се изработи акционен план, а за 2 до 3 години ќе се комплетира инфраструктурата.
Од Општина Гостивар велат дека ги поддржуваат и помагаат сите еколошки акции на жителите од градските населби и од селата и дека се посветени на создавање нормални услови за сите граѓани кои живеат на нејзина територија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград