Македонија
Алармантна состојба со пожарите, се појавуваат нови жаришта

Состојбата со пожарите во земјава е алармантна. Високите температури и силниот ветер го отежнуваат гасењето. За само неполн час пријавени се нови седум пожари, информираа на прес-конференција од Центарот за управување со кризи.
„Состојбата се менува од минута во минута, а исклучително сувата вегетација, високите температури и ветерот кој дуваше на целата територија на државата придонесоа за брзо ширење на постоечките пожари и појава на нови жаришта“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Најризично е во Делчевско – Пехчевскиот регион, во селото Нов Истевник зафатени се 3 куќи и три плевни, гасењето е отежнато. Во тој дел интервенирале 4 хеликоптери, 200 војници од АРМ, ресурси од јавните претпријатија, противпожарни бригади и ресурси кои пристигнале како помош од Бугарија. Загрозени се и селата Робово, Умлена и Чифлик.
Во Скопје активни се 18 пожари од кои три се најкритични, во Кучково кон Горно Свиларе, меѓу Добри Дол и Ракотинци во Сопиште, и во Горно Блаце. Големи пожари беснеат и во кумановскиот регион.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар