Свет
Албанија за шест месеци остварила рекордни 1,9 милијарди евра од туризам

Во првата половина од годинава Албанија од туризмот остварила рекорден приход од 1,9 милијарди евра, што е за 25 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.
Според податоците на Централна банка на Албанија, само во периодот април-јуни приходите изнесуваат околу 1,1 милијарда евра, додека во првите три месеци оваа бројка изнесува 788 милиони евра.
Според ИНСТАТ, пак, во првите 6 месеци од годинава во земјата престојувале 4,5 милиони странски државјани, со зголемување од 34 отсто во однос на истиот период лани.
Официјалната статистика на Централна банка ја потврдува се по значајната улога на туризмот во албанската економија. Приходите од туризмот покриваат повеќе од 40% од трговскиот дефицит на стоки на албанската економија. Голем придонес за подобрување на албанската економија има и туризмот, со најмал дефицит на тековната сметка, објави АТА.
Исто така, осврнувајќи се на бројките, со години билансот на патувања во земјата е позитивен, при што странците внесуваат повеќе валути отколку што изнесуваат албанските граѓани надвор. Тие во првата половина од годинава за патување надвор од Албанија потрошиле околу 700 милиони евра.
Приходите од туризмот оправдано се очекува да бидат повисоки ако се има во предвид дека главната туристичка сезона е во месеците јули и август. Само во јули во Албанија престојувале над 2,6 милиони туристи. А минатата година престојуваа над 10,5 милиони.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос